сабота, декември 10, 2022
Google search engine
ПочетнаСветСе појави СНИМКА од инцидентот: Маж го допре ковчегот на кралицата, погледнете...
spot_img

Се појави СНИМКА од инцидентот: Маж го допре ковчегот на кралицата, погледнете што следеше (ВИДЕО)

Еден човек е уапсен откако се приближил и го допрел до ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, кој е изложен во Вестминстерската сала, јавува Би-Би-Си.

Тој е уапсен поради јавен неред и приведен, соопшти лондонската полиција. Инцидентот во најстарата зграда на парламентот се случил синоќа околу 23:00 часот.

„Околу 23:00 часот, полицајците на Парламентот и службениците за дипломатска заштита приведоа маж во Вестминстерската сала поради малтретирање“, соопшти Скотланд Јард.

Ковчегот ќе остане во Вестминстер до погребот во понеделник. На снимката од емитувањето на официјалната церемонија се гледа како безбедносните службеници го приковаа осомничениот на земја.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ