четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаТоне бродот на Арсовска: Денеска уште две оставки на директори во Град...
spot_img

Тоне бродот на Арсовска: Денеска уште две оставки на директори во Град Скопје

Уште една оставка од директорите во Град Скопје. Од функцијата си заминуваи првиот човек на ЈСП Турс Филип Василевски. И тој како и останатите директори се жали на соработката со Арсовска.

Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање.

За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени.

Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам, напиша Василевски.

Утрово оставка си поднесе и директорот на Улици и патишта а пред неколку дена и директорите на Паркинзи и Дрисла, откако ден претходно беше разрешене и директорот на Водовод.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ