четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСлужбите чистат редовно во Штип, ама ние не сме луѓе: Контејнерите...
spot_img

Службите чистат редовно во Штип, ама ние не сме луѓе: Контејнерите се празни, депониите се очигледни (ВИДЕО)

Контејнерите празни, а отпадот расфрлан насекаде околу нив. Ова е само една од лакоциите во градот Штип, но и во целиот регион, каде несовосните лица формираат мини диви депонии во непосредна близина на сопствените живеалишта. Граѓаните се самокритични, велат јавното комунално претпријатие не може толку бргу да исчисти, колку што тие можат да создадат неред и буништа.

– ЈП Исар чисте редовно, ама ние не сме луѓе. Фрламе надвор, не фрламе во контејнерот. Еве и канализацијата, кој знае колку пати ја чистат, а ја затнуваат и смрди овде не можеме никако да поминеме, анкета граѓанин на Штип.

За да им биде поедноставно, од претпријатието донеле помали канти за смет од 1, 1 метар кубен, но наместо правилно да ги користат, мештаните ги буткале и кршеле.

– Имаше 5 мали контејнери, намерно ги буткаа. Доаѓаа луше од претпријатието, општи работници, без машини, се мачеа, не можеа да ги свртат, д аги постават на своите места. Значи, се претерува, анкета граѓанин на Штип.

– Повторно беше вратен големиот контејнер, на барање на граѓаните, но како што гледаме овде имам ситуација каде сметот се исфрла надвор од контејнерот, изјави Трајче Здравков, директор на „ИСАР“

Во време кога јавните претпријатија се борат со економската и енергетската криза или поточно за опстанок, најмалку е потребно да се создаваат дополнителни непредвидени трошоци за ангажирање на тешка механизација, за решавање на банални проблеми.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ