четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаШтип NewsПо 40 години, конечно нема да се гази по кал - Во...
spot_img

По 40 години, конечно нема да се гази по кал – Во штипската населба Сењак 2, почнува проект со кој ќе се уредат влезовите пред зградите!

Во населба Сењак 2 во Штип, почнува проект со кој ќе се уредат влезовите пред зградите.

На лице место се појави и градончалникот на Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека оваа заборавена населба ќе добие, нов-модерен и урбан изглед, каков што и воопшто заслужуваат сите останати граѓани во општината.

„Пред влезовите на зградите ќе бидат поставени павер елементи, а дополнително и ќе бидат уредени зелени површини. Околу 350.000 денари ќе бидат издвоени од буџетот на граѓаните, а оваа идеја наскоро ќе биде спроведена и во сите останати наелби“, изјави Јорданов.

„Хортикултурното уредување ќе биде спроведено во согласнот со граѓаните – станари, овој дел од градот ќе добие поинаков лик“, изјави директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков.

Граѓаните се задоволни од ваквиот проект, потенцирајќи дека по 40 години, конечно нема да се гази по кал, а воедно укажаа и благодарност до општината што конечно некој се сетил и на нив.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ