четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСрам и мизерија за 21-от век: Министерството за здравство соопшти дека за...
spot_img

Срам и мизерија за 21-от век: Министерството за здравство соопшти дека за изградба на штипската болница нема да има доволно финансии!

Пари за изградба на новата штипска Клиничка болница засега државата сама ќе обезбедува. Нема пролонгрирање на рокот за реализирање на првата фаза до декември годинава.  Во одговорот од министерството за здравство  не прецизирале од каде ќе се обезбедат средства, но  со последниот ребаланс на буџетот планираните близу девет милиони евра средствата се скратени на два милиони евра, што речиси целосно ќе се обезбедат од државниот буџет. Според министерството градежните  работи напредуваат и реализација на објекот е околу 40 %.

„Земјаните работи за прва фаза се комплетно завршени, исто како и бетонските работи. Поставени се прозорци, речиси комплетно е завршена фасадата. Во завршна фаза се внатрешните ѕидови и поставувањето на канализационата и водоводната инсталација. Донесени се трансформаторите и голем дел од клима коморите, а паралелно се работи и на поставување на вентилацијата и електричната инсталација“, велат од Министерството за здравство

Се чека на завршување и на бункерот за акцелераторот во Штип. Го гради истата фирма, а од  2014 до денеска градежните работи  се стигна до поставување  плочките на подот.

„Се работи на завршните градежно-занаетчиски работи (поставување на плочки и подови).  Исто така  се усогласуваат  завршните работи со техничките  барања на производителот на опремата“ велат од  Министерството за здравство

За изградбата на штипската Клиничка болница недостасуваа над 14 милиони евра, а граѓаните на источниот и југоисточниот регион ја чекаат веќе девет години.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ