сабота, декември 10, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаУХМР со лоши вести за викендот: Македонија ја очекува невреме со пороен...
spot_img

УХМР со лоши вести за викендот: Македонија ја очекува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес попладне и во деновите од викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено утре ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, утре со услови за појава на краткотрајно невреме.

Во недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ