четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЦените се качуваат, живoтот станува луксуз во Македонија: Инфлацијата во август сруши...
spot_img

Цените се качуваат, живoтот станува луксуз во Македонија: Инфлацијата во август сруши нов рекорд – просечната плата вреди 100 евра помалку од лани

Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало  за 0,6 отсто.  Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти, а цените на мало за 14,2  проценти.објави денеска Државниот завод за статистика.

Пресметано во пари тоа значи дека секоја просечна плата од 30.000 денари денеска вреди исто колку платата од 25.000 денари лани. Ако денеска земате 18.000 денари минимална плата тоа вреди исто како лани што вредеа 15.000 денари.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти, месото за 2,5 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 проценти, пивото за 1,2 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 проценти.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 проценти, централното греење за 14,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4 проценти, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6,4 проценти, другите печатени материјали за 5,8 проценти, рестораните, кафулињата и слично за 3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 2,8 проценти.

Патниот патнички транспорт за 2,6 проценти, производите за домаќинставата-нетрајни за 2,5 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,2 проценти, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,8 проценти, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,5 проценти, моторните возила за 1,4 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,9 проценти, поправките на мебелот.

Покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,8 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0,3 проценти, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0,2 проценти.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ