среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСочувство до фамилијата: Почина амбасадорот на Македонија во Берлин
spot_img

Сочувство до фамилијата: Почина амбасадорот на Македонија во Берлин

Рамадан беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

На 60-годишна возраст почина актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во Берлин, Германија, Рамадан Назифи. Назифи важеше за искусен дипломат кој претходно беше и амбасадор на земјава во Швајцарија во мандат од 2009 до 2013 година.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството. Нека почива во мир!“, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ