среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДвајца тешко повредени во сообраќајка кај Штип
spot_img

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Штип

Вчера, на експресен пат Штип – Радовиш кон с.Лакавица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „опел” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(40) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф” со пробиштипски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Свети Николе и товарно моторно возило „фиат дукато” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(53).

Од МВР информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел” Д.Н.(20) од Штип и Д.Ј. констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ