четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНови детали од страшната трагедија што ја потресе Македонија: Четири туби со...
spot_img

Нови детали од страшната трагедија што ја потресе Македонија: Четири туби со бензин имало во македонскиот автобус што изгоре во Бугарија

Нови детали од трагедијата која пред речиси една година се случи во Бугарија и притоа загинаа 46 патници, заедно со возачот.

Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел.

Портпаролот на главната обвинителка на Бугарија Сијка Милева изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Северна Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ.

Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ