Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука за горивата, а цените беа објавени на „Гориво.мк“.
Од полноќ дизелот поскапува за дури три денари и ќе чини 101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат по 0,5 денари.
Бензинот БС-95 ќе чини 89,5 денари, додека БС-98 ќе чини 92 денари.