четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонија во црнила и мрак: Од утре почнува кризна состојба - Рестрикции...
spot_img

Македонија во црнила и мрак: Од утре почнува кризна состојба – Рестрикции на струја низ целата територија!

Кризна состојба во делот на енергетиката се очекува да биде прогласена утре. Одлуката ќе важи од 1 септември, а според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период доколку се се одвива според планираното. Од 1 септември стапуваат во сила и мерките за штедење на струја што ги донесе Владата, а кои ќе важат до 31 март следната година.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна на прес-конференција рече дека не очекува да има рестрикции ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Како што соопшти се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето.

– Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, рече Бектеши на заедничката прес-конференција со директорот на ЕСМ на која беа објавени мерките за штедење на електрична енергија.

Според генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, компанијата работи со максимален капацитет и потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ