петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНикој не може против ДУИ: Коалициониот партнер на СДС и пресуди на...
spot_img

Никој не може против ДУИ: Коалициониот партнер на СДС и пресуди на Русковска – Вилма е суспендирана од ОЈО!

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител.

Инфомакс дознава дека меѓу суспендираните е Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Покрај Русковска неофицјиално покрената е дисциплинска постапка против Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска поради претресот во Финансиската полиција.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ