петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОризарите го кренаа гласот против Министерството за Земјоделство: Блокиран патот Штип-Кочани кај...
spot_img

Оризарите го кренаа гласот против Министерството за Земјоделство: Блокиран патот Штип-Кочани кај Облешево

АМСМ информира дека на патот Кочани – Штип, околу 80-100 граѓани-производители на ориз со 12 земјоделски машини ја блокирале сообраќајната лента во правец Штип – Кочани кај селото Облешево.

Оризарите велат дека ќе останат на патиштата на неодредено време и бараат итна средба со претставници од власта. Велат дека се тешко погодени од новите цени на ѓубривата и нафтата и оти сегашната откупна цена е нерентабилна, затоа бараат оризовата арпа од новата реколта да се продава по цена од 40 денари.

Производителите неколкупати излегуваа на протести. За околу два месеца треба ќе започне новата жетва, па поради тоа оризарите бараат проблемот со ниската откупна цена да се реши поскоро. Годинава со ориз се посеани над 4.500 хектари и се очекува принос од околу 22.000 тони оризова арпа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ