Несовесен возач со возило удира дете во близина на градскиот пазар во Штип, а од безбедносните камери се гледа дека барем во првите моменти го напушта местото на настанот.
Се чини дека за среќа детето не е повредено.
Граѓаните бараат да се преземат превентивни мерки на оваа улица, за ограничување на брзината на возење.
Од МВР излегоа со реакција дека возачот е пронајден и за истиот е поднесена соодветна пријава.