Украина го призна Косово – пратеник поднесе иницијатива.
Пратеникот на украинскиот парламент Алексеј Гончаренко вчера поднесе до законодавното тело нацрт-резолуција со која се повикува Украина да ја признае независноста на Косово.
Гончаренко на Твитер напиша дека се надева дека Украина ќе ја признае независноста на Косово што е можно поскоро.
„До украинскиот парламент доставив резолуција за признавање на независноста на Косово. Украина ги споделува западните вредности и ќе ја поддржи демократијата насекаде во светот. Се надевам дека Украина ќе ја признае независноста на Косово што е можно поскоро“, рече Гончаренко.