четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинЖивотНема веќе живот, останува само борба за преживување: Лебот за една година...
spot_img

Нема веќе живот, останува само борба за преживување: Лебот за една година поскапел над 100 отсто, маслото за јадење за 94 отсто

Владата ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на економска и енергетска криза со која се соочуваат.

Во изминатиот период, Владата нема слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, истата одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата.

Претставниците на Владата од нивните удобни фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5%, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16%, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100%, на маслото за јадење за 94%, на горивата за 64,5 %, не електричната енергија за 9,4%, на гасот за 64,6%, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс.

Работниците работат, а се сиромашни, работат, а не можат да си ги прехранат семејствата, работат, а не ги ценат и не им го вреднуваат трудот, а додека државната каса се полни од даноците кои поради зголемените цени се слеваат во државната каса, работниците и граѓаните се мачат да излезат на крај со енормното поскапување, а зимата уште не е ни блиску.

Без постоење на реални и опрадани причини, Владата постапува спротивно на Уставот во кои е уредена обврската за почитување на правото , законите и целосно функционирање на правната држава, Владата не постапува согласно Законот за минимална плата , другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување односно усогласување на платите за најмалку 2806 денари на сите вработени во јавниот сектор и на тој начин да го амортизира ударот од ценовните шокови кои ги доживуваат работниците секојдневно, стои во соопштението од ССМ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ