Непознат сторител предизвикал пожар на депонијата „Трешена Скала“ во близина на Штип.
Вчеравечер противпожарната служба веднаш интервенирала, а дополнително на терен излегле и екипите на ЈП Исар, заедно со директорот, Трајче Здравков.
Претходно бил и искршен видео надзорот кој беше поставен на депонијата, па за сега сторителот останува непознат. Пожарот е лоциран од стручни служби и противпжарната служба, кои итврдиле дека имало истурено масло и друг вид суровински материјал што е запалив.
Во овој случај сторителот ќе биде пријавен до надлежните служби, бидејќи ова намерно потпалување на градската депонија, веќе се случува повеќе пати со што се додведува во опасност и функционирањето на претпријатието и здравјето на граѓаните.