вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМртвиот коњ кон м.в. Чурлин во Штип се распаднал сам, надлежните допрва...
spot_img

Мртвиот коњ кон м.в. Чурлин во Штип се распаднал сам, надлежните допрва ќе излезат на терен

Депонијата кај Мирјанина црква кон местото Чурлин во Штип сѐ уште стои нерасчистена. Дополнително на ова неотстранет стои и мртвиот коњ, кој таму се наоѓа повеќе од една недела, само сега распаднат, со други животни кои се хранат од него, а врвот го достигнува и зголемената неподнослива миризба.

Од ЈП „Исар“ претходниот пат истакнаа дека веднаш ќе излезат на терен и дека мртвото животно нема да биде оставено да се распадне само. Меѓутоа, денеска директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков, кажа дека немаат доволно длабока јама за да ги закопаат поголемите лешови на животни.

„Согласно со законските прописи ние на градската депонија имаме јама во која се депонираат лешеви од мртви животни. Таа јама не е со доволна големина за да собере обемни животни како што се, на пример, коњите, па ние сме во процес на проширување на јамата. Има процедури за тоа како се одлагаат тие лешеви од мртви животни. Треба врз истите да се истури вар за да може да биде по сите законски процедури, така што ние вршиме депонирање, но од помал обем, како што се кучињата. Конкретно, за поголеми животни во моментот правиме проширување на јамата. Денес екипите со механизација ќе го отстранат мртвото животно и ќе биде депонирано на градската депонија“, рече Здравков.

„Дали решението е умрените животни само да се распаѓаат на депониите? Кои сѐ алтернативи може да се преземат за да не се повторуваат ваквите случаи?“, дополнително го прашавме Здравков.

„Решението е најпрво сопствениците на тие животни да пријавуваат кај нас доколку има таков проблем за да можеме да го решаваме навремено, а не да се информираме преку други или сами да бараме каде се тие депонии. Истото е казниво за нив доколку мртво животно остават на дива депонија. Што е до нас, јас лично се залагам да работиме по сите законски процедури и прописи, бидејќи имаме и инспекции. Мораме да ги спазиме процедурите и правилниците“, додаде Здравков.

Во оваа прилика Здравков додаде дека дел од таблите со телефонските броеви на ЈП „Исар“ се поставени со што граѓаните ќе може да пријавуваат диви депонии, а истовремено најави работа на терен од понделеник каде ќе се чистат дивите депонии во Пребег и Караорман.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ