среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПратеничка што гласаше за „Промена на името“ се расплака во ,,Заспиј ако...
spot_img

Пратеничка што гласаше за „Промена на името“ се расплака во ,,Заспиј ако можеш” – Не можам навечер да спијам, цел живот ќе се каам (ВИДЕО)

Екс пратеничката и лидерка на ДОМ Лилјана Поповска вчера се расплака во студиото на емисијата Заспиј ако можеш.

Во интервју со Горан Момироски екс пратеничката која гласаше за промена на уставот не можеше да се воздржи и во неколку наврати се расплака пред целата јавност.

Поповска беше една од 80 пратеници кои гласаа за промена на уставот согласно Преспанскиот договор и одлучи Македонија да ја добие додавката Северна.

Во интервјуто Поповска вели дека цел живот ќе ја носи дамката за тоа што гласале за промена на името но дека е сигурна дека еден ден Северна ќе биде исфрлена од употреба и ќе остане само Македонија.

Како причини за нејзиното гласање Поповска ги наведе опасноста од етнички судири и еден закон за рудници со кои цела источна Македонија ќе станеше загадена зона и ќе предизвикало еколошка хаварија со катастрофални последици.

Законот на нејзино барање бил ставен на дневен ред пред гласањето за уставните измени со Северна.

За интервјуто на Поповска во ,,Заспиј ако можеш” кликнете на овој линк:

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ