петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДелгација на чело со Пендаровски го пецна Путин и се пожали на...
spot_img

Делгација на чело со Пендаровски го пецна Путин и се пожали на Самитот на НАТО: Македонија се уште се соочува со руски хибридни закани! (ВИДЕО)

Македонија постојано се соочува со хибридни закани од Русија, рече претседателот Стево Пендаровски на почетокот на Самитот на НАТО што се одржува во Мадрид.

„Во врска со НАТО Алијансата, оваа војна во Украина, испровоцира и пошироко хибридни закани со кои сме соочени во последните 4 години. Зборувајќи особено за Северна Македонија можам да ви кажам дека се соочуваме со вакви хибридни закани кои доаѓаат од Руската федерација уште од 2018 кога го имавме референдумот за прашањето со името кое го сменивме за да станеме членка на НАТО“, истакна Стево Пендаровски.

Ги спомна и слабите точки на Западен Балкан кои можат да бидат причина за дестабилизација на регионот.

„Има неколку слаби точки во регионот, знаат сите, на север во Косово, Република Српска, слаби точки за кои сме најпретпазливи, не само земјите од Западен Балкан туку сите западни земји сојузнички треба да внимаваат многу за овие слаби точки, во спротивно, од некаде може да започне дестабилизација на целиот регион“, посочи Стево Пендаровски.

Русија претставува “директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој на почетокот на Самитот зборуваше за важните одлуки кои ќе се преземат во време на опасен и конкурентен свет.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ