четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаПолитикаАмеркинаците се поклонија на Путин: Руска салата на менито на самитот на...
spot_img

Амеркинаците се поклонија на Путин: Руска салата на менито на самитот на НАТО, гастро „инцидент“ што ги збуни присутните (ФОТО)

Додека го чекаа доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери во Мадрид вчера, официјалните лица и новинарите имаа можност да пробаат и руска салата во ресторанот задолжен за овогодишниот Самит на НАТО… Многумина беа изненадени и прилично збунети од понудата.

– Руска салата на Самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадење!, изјави новинарот Инаки Лопез за шпански „Ла секста“.

Мешавината од грашок, компири, моркови и мајонез била специјалитет на денот на шпанскиот ресторан близу барокната палата „Санта Круз“ во центарот на Мадрид, во пресрет на собирот на кој се очекува Русија да биде обележана како безбедносна закана во новиот стратешки концепт на Северноатлантската договорна алијанса, поради инвазијата врз Украина.

Но, и покрај сѐ, руската салата наводно била распродадена за неколку часа. Сепак, „фората“ е во тоа што Хозе Андрес, познатиот шпански готвач кој е задолжен за менито, го преименуваше јадењето во – „украинска салата“, како и во неговите други ресторани ширум Шпанија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ