Поранешниот министер за образование на ДУИ и СДСМ необразовано физички се пресметува со колеги пратеници, демонстрира насилие, реагира опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини пратеникот Арбер Адеми од ДУИ за насилничко однесување и навреди во Собранието.
Од партијата објавија и видео од седницата на Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Адеми, на која се гледа однесувањето на Адеми.
„Поранешниот министер за образование на ДУИ и СДСМ необразовано физички се пресметува со колеги пратеници, демонстрира насилие. Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со ’каубоите‘ од власта!“, стои во изјавата.
Видеото на опозициската партија на социјалните мрежи го објави пратеникот Миле Лефков.
Видеото можете да го погледнете тука: