четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаССМ: Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската...
spot_img

ССМ: Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската и нафтената криза

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска го продолжи генералниот штајк со блокада на крстоницата во населбата Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16 Македонска бригада“. Блокадата траеше од 7 до 10 часот, а беа пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна.

Претседателот на ССМ Дарко Димовсски изјави дека ќе опстојат на барањето за итно линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник.

-Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската и нафтената криза. Централната и локалната власт да издејствуваат веднаш зголемување на платите, апелира Димовски.

Тој истакна дека работниците во државава поради кризата не смеат да чекаат уште долго за да се остварат нивните барања.

ССМ најави дека штрајкот ќе продолжи и со други форми на синдикален притисок, а​ незадоволството на работниците ќе го изразат и на улица.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ