петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСпортФК Брегалница против фановите: Илчо Ѓорѓиоски по секоја цена седнува на клупата...
spot_img

ФК Брегалница против фановите: Илчо Ѓорѓиоски по секоја цена седнува на клупата на „сините“ (ФОТО)

ФК Брегалница синоќа ја соопшти спортската јавност дека е потпишан нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски на уште три години, до јуни 2025.

Иако фановите на „сините“ гласно говорат и бојкотираат за актуелниот менаџер на Брегалница, сепак, челниците на клубот му дадоа нова шанса и следната сезона.

“Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот долгорочен пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал“, стои во соопштението на ФК Брегалница.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ