петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Проблемите со паркинг места ќе бидат минато, Штип добива три катни...
spot_img

Јорданов: Проблемите со паркинг места ќе бидат минато, Штип добива три катни гаражи!

До крајот на годината, на просторот позади Домот на културата – Ацо Шопов, ќе никне првата катната гаража во Штип. Проект со кој етапно ќе почне да се решават проблемите за паркинг места во градот.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека до крајот на неговиот мандат ќе бидат изградени вкупно три катни гаражи.

„Иако во нашата предизборна програма ветивме две катни гаражи, Штип ќе доби вкупно три. До крајот на оваа година се надевам дека во целост ќе биде изградена првата катна гаража со локација позади Домот на култура – Ацо Шопов“.

Покрај оваа локација, неопходно е дополнително да биде направена промена на деталниот урбанистички план, со цел да се направи избор за следните локации во градот каде ќе бидат сместени останатите две катни гаражи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ