четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаБалканТепачки заради зејтин во Врање: Македонците им го купиле целиот зејтин, на...
spot_img

Тепачки заради зејтин во Врање: Македонците им го купиле целиот зејтин, на граница темелни претреси!

Деновиве во повеќето продавници и хипермаркети, жителите на Врање, но и жителите на Македонија и на Косовско поморавје, не можеа да купат масло за јадење и шеќер, чии количини беа разграбани во раните утрински часови.

Во Макрет „Леон“ во центарот на Врање на новинарот од  Данас му е потврдено дека веќе десет дена немаат шеќер во продажба, а слична е состојбата и на другите маркети.

Македонските граѓани масовно патуваа во соседна Србија на голем „шопинг“. Имајќи предвид дека едно литро зејтин таму чини 184 динарии, односно 92 денари. Истиот тој зејтин, кај нас, чини 156 денари. Еден килограм шеќер таму изнесува 89 денари, односно 45 денари, а кај нас, еден килограм шеќер чини 60 денари. Еден леб во Врање чини 48 денари, односно 24 денари.

Денеска граѓаните на Врање се во паника, откако дознаа дека сите количини масло за јадење се распродадени, а како што најавуваат трговците нови количини се очекуваат дури од понеделник.

Зголемувањето на побарувачката за масло за јадење и шеќер во Врање е поврзано и со вообичаената викенд посета на купувачи од соседните градови Куманово и Скопје од Македонија, како и купувачи од Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Ропотово.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ