четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsАВИОНСКО ПРСКАЊЕ, ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ОПШТИНА ШТИП
spot_img

АВИОНСКО ПРСКАЊЕ, ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ОПШТИНА ШТИП

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Штип, и Програмата за активностите на Општина Штип, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Штип го издава следното соопштение за јавност

Општина Штип ја известува јавноста дека,  прво авионско третирање против комарци ќе се спроведе на ден 17.06.2022 (петок), во периодот од 05:00 до 06:30 часот.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Брегалница на овој потег.

Се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат по спроведувањето на третирањето. Избор на средството е поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ