вторник, август 16, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаЈорданов: Во центарот на Штип ќе бидат изградени нови конзоли на река...
spot_img

Јорданов: Во центарот на Штип ќе бидат изградени нови конзоли на река Отиња – Денеска почна асфалтирањето на улиците во Индустриска зона 2 (ФОТО)

Во Индустриската зона 2 во Штип се подобрува патната инфраструктура. Веќе почна асфалтирањето на неколку пристапни улици во оваа зона, а денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочи дека со ова се подобрува инфраструктурата во градот, а граѓаните дополнително во овој дел од градот ќе може да инвестураат и да отвораат нови производствени капацитети.

„Денес започнуваме со асфалтирање на два пристапа и една сервисна улица во индустриската зона 2, место кое сметаме дека треба да биде урабинизирано. Овде ќе имаат можност наши сограѓани да отворат нови производствени капацитети“, изјави Јорданов.

На денешната прес-конференција Јорданов дополнително најави дека и во наредните денови ќе започнуваат градежни активности за продолжување на конзолите на река Отиња.

Продолжуваме со засилен динамика во вложување во патната инфраструктура во нашиот град. Во наредните денови ќе се започне со реализација на конзолите на река Отиња на два потега, од гимнацијата до основното училиште „Ванчо Прќе“, и потегот пред хотелот Урбаниста“, потенцираше градоначалникот на Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ