четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаОфицијално: Професорот Дејан Мираковски е избран за нов ректор на УГД –...
spot_img

Официјално: Професорот Дејан Мираковски е избран за нов ректор на УГД – Штип

Професорот Дејан Мираковски од Факултетот за природни и технички науки е новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Мираковски добил најмногу гласови на изборите кои денес се одржаа на единиците на Универзитетот во периодот од 12:00 до 14:00 часот.

Мираковски дипломира на Рударско – геолошкиот факултет, отсек Рударство, потоа се стекнува и со звање магистер од областа рударство, заштита на работната и животната средина, а потоа и со звање доктор на технички науки.

Според моделот на избор гласовите од факултетите се претвораат во поени кои подоцна се додаваат на кандидатите и оној кој освоил најмногу поени е избран за ректор.

Новиот ректор има мандат од три години и ќе биде на чело на Универзитетот од 15 септември 2022 до 14 септември 2025 година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ