сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНа Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор
spot_img

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје, вчера за прв пат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор.

Млад 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор.

Операцијата која траеше неколку часа на Клиниката за ортопедија ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката.

„Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Пациентот постоперативно се чувствува одлично и пред него е период на рехабилитација“, вели д-р Андоновски, хирург од Клиниката за ортопедија кој долги години работи во делот на мекоткивната ортопедска хирургија.

Ова е деветта трансплантација од починат донор во последните десет месеци на Клиниката за ортопедија. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е обновена и банката за коскени ткива каде се чуваат експлантираните графтови.

„По првата експлантација што ја направи тимот од Клиниката на 17 април минатата година, до денес се направени пет експлантации и девет трансплантаци на коскено и меко ткиво. На пет пациенти со малигна болест им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значтелно им се подобри нивниот квалитет на живот, а денес за прв пат трансплантиравме и мекоткивен графт односно лигамент кај млад пациент со сериозна повреда. Благодарност до сите колеги од клиниката кои го препознаа значењето на трансплантацијата во третманот на ортопедските болести“, вели д-р Александар Трајановски, директор на Клинината за ТОАРИЛУЦ Скопје, во чиј состав е Клиниката за ортопедија.

Инаку, повредата на меките ткива, лигаментите и тетивите е многу честа кај младите лица, особено кај активните спортисти. Само успешен оперативен третман може да гарантира враќање кон редовните сопртски активности. Со отварање на можноста на трансплантација со графт од починат донор, се исклучува праксата да се земе тетива од здравата нога и со тоа значително се подобрува квалитетот на живот на пациентот.

„Со првата употреба на мекоткивен графт на нашата клиника започнуваме со ново поглавје во реконструктивната ортопедска хирургија. Се надевам дека по оваа процедура ќе се отворат повеќе опции за употреба на мекоткивните графтови во нашата секојдневна пракса“, вели др Милена Богојевска Доксевска, болнички координатор на Клиниката за Ортопедија.

Во 2021 година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива.

Минатата недела беше направена и првата трансплантација од починат донор годинава. Двајца пациенти добија бубрези, а кај млад пацинет беше трансплантирано срце.

Текстот На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор е превземен од МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ