четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаУапсен пироманот од Битола – пејачот Ламбе Алабаковски го запалил клубот на...
spot_img

Уапсен пироманот од Битола – пејачот Ламбе Алабаковски го запалил клубот на Бугарите!?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

– Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски.

„Слободен печат“ неофицијално дознава дека уапсениот е популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ