петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВонредна вест: РКЕ донесе одлука - познати се новите цени на горивата...
spot_img

Вонредна вест: РКЕ донесе одлука – познати се новите цени на горивата од полноќ!

Со оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ