четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинЖивотНа кризата и нема крај: Граѓаните утре да се подготват за нова...
spot_img

На кризата и нема крај: Граѓаните утре да се подготват за нова ценовна шлаканица!

Утре граѓаните треба да очекуваат нови, повисоки цени на основните прехранбени производи. Причина за тоа е крајот на времената мерка за ограничување на маржите во малопродажбата како и кај трговијата на големо. Властите решија да не ја продолжуваат оваа превентивна мерка, а граѓаните сега се загрижени до каде може да одат новите цени. Експертите предупредуваат дека е потребна нова мерка за заштита на стандардот на граѓаните.

Од Народната банка пак набрзо очекуваат стабилизација на ценовниот шок. Главната дилема денеска на граѓаните е за колку од утре ќе се зголемат цените на храната по укинувањето на ограничените маржи во трговијата. Статистичкиот раст на платите во државата ни од далеку не го почуствуваа македонските домаќинства. Цените секојдневно растат, трошоците за живот континуирано се зголемуваат а куповната моќ на граѓаните е на очајно ниво.

Податоците од терен велат дека и покрај ограничената заработка на трговците, по серијата на раст на цените на суровините, на струјата, на транспортот, па и на работната сила, сите овие трошоци производителите одамна ги вкалкулираа во нова повисока цена на производите кои граѓаните секојдневно ги купуваат.

Заклучно со денешниот ден маржите во малопродажба се ограничени на пет отсто кај лебот, солтта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото малсо за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи. Потоа на оваа листа се наоѓаат и сирењето, урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата како и овошјето и зеленчукот. Ова се всушност и производите кои домаќинствата најчесто ги купуваат.

Загрижувачки е сега по која цена ќе треба од утре да го прават истото или едноставно да се откажат од дел од нив. Од министерството за економија посочија дека нема простор за продолжување на оваа мерка, со оглед на фактот дека на тој начин би можело негативно да се влијае врз работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност. Од Народната банка ја смитуваат состојбата и велат дека овој ценовен шок нема да биде драстичен.

По глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергентите и на храната, односно на увезената инфлација, а најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу 3% следната година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ