вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотПукна срцето од преголема тага: Учителка го даде својот живот за да...
spot_img

Пукна срцето од преголема тага: Учителка го даде својот живот за да ги спаси учениците од нападот во Тексас – нејзиниот сопруг почина два дена подоцна!

„Верувам дека Џо почина од скршено срце затоа што не можеше да ја поднесе загубата на љубовта на својот живот“ – велат роднините на сопругот на учителката која загина во трагичниот напад на училиштето во САД, обидувајќи се со своето тело да ги заштити и спаси своите ученици. Тој почина само 2 дена по неговата сопруга.

На 25-ти мај 2022, светската јавност остана во шок, откако 18-годишниот Салвадор Рамос со огнено оружје усмрти 19 деца и две учителки во основно училиште во градот Увалде во Тексас.

Учителката Ирма Гарсија (46) трагично го загуби животот во нападот на училиштето во Увалде, Тексас, додека со своето тело се обидувала да ги заштити своите ученици, по налетот на куршумите.

Само два дена по неа, во четвртокот, трагично почина и нејзиниот сопруг Џо Гарсија. Џо починал од срцев удар, а членовите на нивното семејство почнаа да собираат донации преку страната GoFundMe.

Во описот на страната, братучетката на Ирма, Дебра Остин вели: „Скршена сум од болка затоа што треба да ве известам дека Џо трагично почина утрово како последици на влошена здравствена состојба. Верувам дека Џо почина од скршено срце затоа што не можеше да ја поднесе загубата на љубовта на својот живот.“

Ирма и Џо зад себе оставија четири деца, од кои најстарото има 23 години, а за другите се смета дека се во тинејџерските години.

Според изјавите на преживеаните во нападот на училиштето, Ирма заедно со нејзината колешка Ева Мирелес (44) ги изгубиле животите така што со своето тело ги покриле учениците за да ги заштитат.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ