четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаБалканЧао Македонијо, младите ги пакуваат куферите: Започна летната сезона - масовно се...
spot_img

Чао Македонијо, младите ги пакуваат куферите: Започна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море!

Почна летната сезона – оваа година „хит“ дестинација за сезонска работа во угостителството е токму Хрватска, пишува Порталб. Платите достигнуваат и до 1 500 евра. Додека хрватските хотели и ресторани се полнат со македонски квалификуван кадар, домашните угостители се соочуваат со дефицит.

Што се нуди – плати, сместување, храна, работни визи ..

Грција и Хрватска се најатрактивните дестинации за сезонска работа во оваа летна сезона. Голем дел од вработените во кафеаните, кафулињата, рестораните заминуваат надвор од земјава. Особено високи плати со дополнително обезбедено сместување, работни визи, бонуси, нуди Хрватска.

„Шпицот“ официјално почнува на 1 ви јуни, но дел од „сезонските работници“ веќе заминаа и во мај. На хрватското крајбрежје и на островите се бараат шанкери, келнери, готвачи, хигиеничарки, пица мајстори. Висината на платите зависи од работната позиција, работните часови, искуството, но платите генерално не се пониски од 900 евра месечно. 

Освен келнери, шанкери, готвачи, дел од хотелските комплекси во Хрватска бараат и друг кадар – козметичари. Главно работното време за овие сезонски вработувања се движи од 8 до 10 часа. Во дел од огласите се бара познавање на англиски јазик и искуство. Интересот за заминување, особено во Хрватска е многу голем.

Сезоната завршува во октомври, што би значело дека со месечна плата од најмалку 1 000 евра и со платени трошоци од страна на работодавачите, за четири месеци се заработуваат 4 000 евра, без вклучен „бакшиш“ кој во атрактивните туристички места и преплавените ресторани со гости може значајно да ја „набилда“ оваа сума.

Угостителството заедно со хотелиерството беа во групата најпогодени сектори од ковид-пандемијата, голем дел работеа со загуби, плаќаат сметки, давачки, плати иако работеа под рестрикции. Сега се соочуваат со масовен одлив на квалификуван кадар.

Дефицит има и на келнери и на шанкери, или во земјава има повеќе од 360 слободни работни места за келнери  и повеќе од 200 за шанкери. Изминатите години проблемот со сезонско заминување во странство зема замав.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ