вторник, август 16, 2022
Google search engine
ПочетнаСвет„Не е желка, ниту диносаурус“: Најстарата жена на светот го прослави 128...
spot_img

„Не е желка, ниту диносаурус“: Најстарата жена на светот го прослави 128 роденден!

Џоана Мазибухо од Јужноафриканската Република го прослави 128. роденден и според локалните медиуми, таа е најстарата жива личност на планетата. Во нејзината лична карта пишува дека е родена 1894 година. Џоана ја преживеала британската колонизација, апартхејдот и двете Светски војни.

Таа на роденденот им кажала на новинарите дека пораснала на фарма со пченка на нејзините родители и дека е најстара од 12те деца.

„Живеевме многу добро на фармата, немаше никакви проблеми. Пиевме кравјо млеко и јадевме див спанаќ. Сега јадам брза модерна храна, но понекогаш ми недостига животот што некогаш го водев“, рекла таа.

Џоана има проблеми со слухот, но таа е доволно независна и може сама да се движи низ куќата без никакви проблеми. Со нејзиниот сопруг Стивен, кој бил постар од неа, имале седум деца, од кои две сè уште се живи. Таа има 50 внуци и правнуци.

Нејзините пријатели и соседи сега се обидуваат да најдат начин да ја вклучат во Гинисовата книга на рекорди.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ