четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеМајмунската сипаница дојде и во Европа: Открина кај мажи кои биле интимни...
spot_img

Мајмунската сипаница дојде и во Европа: Открина кај мажи кои биле интимни со други мажи

Иако има мали шанси дека мајмунските сипаници значително ќе се рашират, тоа не може да се исклучи, според Фернандо Симон, епидемиолог кој раководи со шпанскиот здравствен центар за итни случаи.

Шпанскиот национален микробиолошки центар допрва треба да утврди сомнеж за појава на мајмунски сипаници кај 23 мажи од Мадрид. Нивните симптоми укажуваат дека може да се работи за вирусна инфекција претходно откриена во Велика Британија и Португалија.

„Мајмунските сипаници обично се шират преку респираторниот тракт, но во овие 23 сомнителни случаи се чини дека инфекцијата можела да се пренесе преку слуз при сексуален однос. Сите споменати случаи се откриени во Мадрид кај мажи кои биле интимни со други мажи. Засега сите се во ред. Тие се во домашна изолација, но ние ги држиме под надзор во случај да имаат потреба од болничко лекување“, велат од Регионалната здравствена служба во Мадрид.

„Постојат мали шанси мајмунските сипаници значително да се рашират, но сè уште не можеме да го исклучиме тоа“, рече Фернандо Симон, епидемиолог кој раководи со шпанскиот центар за итни случаи.

Во Португалија веќе е потврдена инфекција со мајмунска сипаница кај пет лица, дополнителни 15 се сомнителни и чекаат потврда. Исто така се работи за мажи. Во Велика Британија, како и во Португалија, појавата на улцеративни лезии е потврдена во потврдени случаи. Првиот од седумте случаи вклучува лице кое се враќало од Нигерија. Британската агенција за здравствена безбедност соопшти дека во последните четири случаи станува збор за мажи кои се изјасниле како хомосексуалци или бисексуалци.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ