четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНов туристички центар во Македонија, Штип добива авантуристичко-адреналински парк! (ФОТО)
spot_img

Нов туристички центар во Македонија, Штип добива авантуристичко-адреналински парк! (ФОТО)

Штип ќе биде новиот туристички-атрактивен центар во Македонија, откако денеска беше донесена одлука да се одвојат нешто повеќе од три милиони денари од буџетот на Општината за реализација на авантуристичко-адреналински парк.

Предлог одлука едногласно беше прифатено на денешната седница на Советот на Општина Штип. Никола Илијев вработен во Општина Штип истакна дека локалцијата ќе биде под игралиштето во штипската населба Суитлак.

– Локацијата е во Суитлак под игралиштето, на површина од седум илјади квадратни метри. Предвидено е спортски комплекс, атлетска патека и сензорска патека за деца со посебни потреби, баскет игралиште, паркова површина, клупи и осветлување, вели Илијев. Предлогот наиде на поздрав и поддршка и од страна на сите советнички групи во Советот на Општина Штип.

– Сѐ што е од интерес за граѓаните во Штип и сѐ што е на овој дел од градот треба да се надградува со дополнителни содржини. Затоа секој ваков проект ќе биде поддржан од страна на нашата советничка група, рече координаторката на советничката група на СДСМ, Маријана Рогожарска – Поповска.

Проектот чини вкупно околу 23 милиони денари. Предвидено е Центарот за развој на Источно планскиот регион и Швајцарската амбасада да учествуваат со над 19 милиони денари, а остатокот е од Буџетот на Општина Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ