четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотНајдоброто видео за ловење риби што сте го виделе досега
spot_img

Најдоброто видео за ловење риби што сте го виделе досега

YouTube каналот Pro Fish Hunter, посветен на умешноста за ловење риби, објави видео за интересниот начин ловење риби на едно дете.

Малиот рибар користи неколку стапови, јаже со јадици и празни пластични шишиња, како и малку тесто како мамка. Целиот процес може да го видите во видеото, а очигледно е дека за малиот рибар ова не е прв пат вака да лови риби.

Довршувајќи ја инсталацијата, момчето чека три часа, а откако ќе се врати гледаме колку риби успеал да фати. Многумина му се восхитуваат на неговото трпение и вештини.

„Неверојатна техника, но уште поимпресивно момче. На толку млада возраст тој веќе е голем рибар и има неверојатна сила. Знам дека ќе успее понатаму во животот“, гласи еден од коментарите на видеото.

„Би сакал да имам мотивација и трпение како ова дете. Момчево е неверојатно“, смета друг.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ