петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотХрана и пијалаци кои ги бојат забите
spot_img

Храна и пијалаци кои ги бојат забите

Покрај правилната и редовна хигиена, на здравјето на нашите заби влијае и храната што ја јадеме. Сепак, постојат некои намирници кои можат да ви ја уништат насмевката без воопшто да сте свесни за тоа.

Стоматологот д-р Лоренс Невил открива список на намирници кои ја менуваат бојата на забите.

„Додека површината на забите изгледа мазна, забната глеѓ е всушност покриена со микроскопски вдлабнатини кои предизвикуваат боење на забите. Во тие нерамни делови се насобира храла и течност и затоа се појавувата дамки. Одредена храна и пијалаци со висок процент на киселина можат да ја оштета грѓта со тоа што ги зголемуваат вдлабнатините со што дамките навлегуваат подлабоко“, рече тој.

Глеѓ претставува надворешната обвивка на коронката на забот, која го заштитува дентинот од влијанијата во усната празнина. Изградена е од органска матрица (од 4% до 8%) и кристали на хидроксиапатит (од 92% до 96%). Од нив 12% ѝ припаѓаат на водата. Дебелината на глеѓта варира: најтенка е во пределот на вратот на забот, каде преоѓа во цемент кој го покрива коренот на забот, а најдебела е на џвакалните површини (кај преткатниците и катниците) и секалните рабови кај предните заби. Тоа е најцрвстата супстанција во човековото тело.

Малкумина знаат дека зелениот чај е еден од пијалаците кои се најштетни за бојата на забите.

„Според истражувањата, бојата на чајот одредува и колку вашите заби ќе потемнат. Изненадувачки, прекумерното консумирање зелен чај може да предизвика сиви дамки. Црниот чај има најмало влијание и ќе им даде на забите жолта нијанса”, вели стоматологот.

Од друга страна, овошните сокови не ја менуваат бојата, но затоа ги ослабнуваат заби.

„Немојте да ги миете забите веднаш по пиењето овошен сок. Тоа ќе ја влоши штетата која е веќе направена од киселината содржана во сокот“, советува д-р Невил.

„Црвените вина и темните алкохоли, како и газираните сокови заменете ги со чаша бело вино. Ако сакате забите да ви бидат бели, јадете јагоди, јаболка, моркови, сирење, целер“, додава тој.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ