четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСценаЦеца на Малдиви (ФОТО)
spot_img

Цеца на Малдиви (ФОТО)

Пејачката Цеца Ражнатовиќ последните денови ужива на Малдивите од каде редовно споделува фотографии. Прво ги воодушеви своите придружници со слики во бикини, а сега направи и посекси фотографии.

Таа позираше во бикини, а до израз дојдоа нејзините извајани нозе и задник, а многумина забележаа дека Цеца изгледа подобро од било кога. Заедно со фотографијата на белиот песок, таа на своите следбеници им откри дека на сите им подготвува големо изненадување.

„Уживам, но и подготвувам големо изненадување. Наскоро ќе дознаете за што се работи“, напиша пејачката додека позира со шешир и наочари, а нејзините следбеници се прашуваат дали „Ушче 3“ се подготвува.

Освен што погодуваа за какво изненадување се работи, тие цело време го коментираа и нејзиниот одличен изглед.

„Најубава“, „Кукла“, „Цеки гориш“, „Бомба си“, „Убедливо најзгодна“, се само дел од многуте коментари за изгледот на Цеца.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ