четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаФатени најглупавите разбојници во Македoнија: Наместо вреќи пари, тие од казиното ги...
spot_img

Фатени најглупавите разбојници во Македoнија: Наместо вреќи пари, тие од казиното ги украле испалтените тикети!

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво о спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 04 часот, М.Т. и О.А. се заканиле со пиштол и нож кон вработени во казино од каде одзеле два коверта со исплатени тикети преку кои сметале дека ќарат пари.

Потоа, К.К ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По пресемени мерки, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска аредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ