четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНови тротоарски површини ќе добие и населба Осми ноември во Штип
spot_img

Нови тротоарски површини ќе добие и населба Осми ноември во Штип

Започна уредувањето на просторот пред основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип, како и уредувањето на тороарите во населба Осми ноември. Стартот денеска го означи градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Средствата се обезбедени од буџетот на Општината.

„Од денес започнуваме со активности за уредување на просторот и платото пред основното училиште „Тошо Арсов“ како и тротоарските површини и пристапите до неколку згради во населбата Осми ноември. Инаку, во наредниот период комплетно ќе се осветлат претходно асфалтираните и уредените паркинг – простори во населбата и со тоа целосно ќе го уредиме овој дел од населбата. Станува збор за инвестиција над еден милион денари, пари на граѓаните. Нашата цел е да ги уредиме и урбанизираме заборавените места, а така ќе продолжиме и во наредните месеци, во други населби ќе го уредиме запоставениот простор“, истакна Јорданов.

За граѓаните кои живеат во овој дел од градот поставувањето на нови тротоарски површини е повеќе од значајно, бидејќи, како што истакнаа, досега газеле во кал.

Јорданов истакна дека со оваа динамика ќе се продолжи и во наредниот период со цел Штип да го добие ликот кој го заслужува.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ