четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинБосна и Херцеговина го има најскапиот водопад во светот
spot_img

Босна и Херцеговина го има најскапиот водопад во светот

Ретко кој знае, но Босна и Херцеговина има повеќе водопади од Италија, Франција и Германија заедно. А, дали знаевте дека го има и најскапиот водопад во светот?

Имено, доколку сакате да стигнете до водопадот Скакавац, кој се наоѓа во Националниот парк „Сутјеска“, за билет треба да одвоите 1.000 конвертабилни марки.

„Перучица е уникатна прашума во Европа, а Скакавац е украс и бисер на европската понуда, водопад кој е висок повеќе од 78 метри и се наоѓа во центарот на прашумата. За да го зачуваме, одредивме влез од 1.000 КМ по лице“, изјави лани директорот на паркот, Александар Ковач.

Тој објасни и дека го намалиле бројот на групи кои можат да ја посетат Перучица на 10 со претходна најава и задолжително придружување на нивниот водич. Од паркот посочуваат дека се обидуваат да ја зачуваат прашумата со политика која не е економски исплатлива.

Најголем проблем правеле домашните туристи кои влегувале во срцето на прашумата, оставале ѓубре, врежувале иницијали во кората на дрвјата, правеле врева, знаеле и да запалат оган, па цената од 1000 конвертабилни марки се обидува да го заштити самото срце на прашумата.

Низ Перучица има уште патека која не се наплаќа, односно секој може да дојде со билет до Националниот парк, но за да влезе во срцето на прашумата ќе треба да плати 1.000 КМ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ