петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМузикаПобеда на политиката или музиката: Украина триумфираше на Евровизија 2022
spot_img

Победа на политиката или музиката: Украина триумфираше на Евровизија 2022

По минатогодишната победа на италијанската рок-група „Монескин“, вечерва Италија приреди спектакуларна финална вечер како земја-домаќин на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.

За време на големото финале, вечерва настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.

Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Евровизија.

Како потсетување, македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска не се пласираше во големото финале. Таа настапи со реден број 11 и ја испеа својата песна „Circles“ за време на втората полуфинална вечер на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ