петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОбјавува и продава експлицитни слики, ама немала намера да се продава за...
spot_img

Објавува и продава експлицитни слики, ама немала намера да се продава за пари: Македонска пејачка, бесна си замина од интервју откако ја прашаа дали се занимава со проституција (ВИДЕО)

Неодамна во естрадниот магазин Бекстејџ ја разработија темата за Онлифенс – платформа за возрасни која најчесто ја користат модели и инфлуенсери, а и други помалку или повеќе познати личности меѓу кои и музички артисти, со тоа што на неа објавуваат експлицитна содржина со нивни голи фотографии.

Времињата се такви какви што се – се’ потешки… Животот станува се’ поскап, трошоците се’ повисоки, стандардот се’ понизок, а можностите за зароботка речиси никакви. Токму тоа е причината зошто поголемиот дел од нив се одлучуваат на овој чекор.

На истата тема, решија да поразговараат со Дијана ОГ ( македонската раперка Дијана Дурлевиќ), зошто се решила да отвори Онлифенс, но и колкава е нејзината заработка. Познатите одговараа на прашањето: Дали Онлифенс го сметаат за легална проституција, па ја прашаа и Дијана дали таа се занимава со нешто слично, по што следуваше бурна реакција стана, го напушти интервјуто и си замина.

Новинарите се тука за да постават прашање, а јавните личности треба да се навикнат дека не се тука само за фалење, туку и за критика кога е потребно. Дијана со нејзината постапка покажа дека сеуште не знае што е шоубизнис, но ние нема да и замериме со оглед на нејзините години, само во иднина нека научи како да се однесува со новинари и пред камера.

„OnlyFans“ на некои многу добро им помага во зголемувањето на банкарската сметка…, а најмногу на оние кои покажуваат малку повеќе, но не од животот, туку од телото.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ