среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаУНЕСКО со урнебесен предлог: Да се тргнат климите и сателитските антени од...
spot_img

УНЕСКО со урнебесен предлог: Да се тргнат климите и сателитските антени од фасадите во стариот дел на Охрид

Соларните панели, сончевите колектори, клима уредите, па дури и сателитски антени поставени на куќите во стариот дел на Охрид, се најдоа во извештајот на Унеско.Рокот за исполнување на препораките се ситни,доколку не сакаат да платат казни, на жителите кои живеат под Самоиловите кули, им останува да ги распалат оџаците и да ги вратат печките на дрва.

Забешеките на Унеско во однос на заштитата на старото гратско јадро се ригорозни-вели првиот човек на охридскот Завод и музеј. Не се зборува само за изгледот на фасадите туку и за крововите на куќите.Тука може да ги видите од терасата на заводот дека на многу од нив има поставено панели, сончеви бојлери итн сите тие се забранети и не треба да бидат таму вели Мише Тутковски-дир.на Завод и Музеј Охрид.

Доколку овие уреди ги нема во проектите,значи дека станува збор за нелегално поставена опрема,појаснува Тутковски и треба или целосно да ја отстатранат или да ја сокријат, да не се гледа. Заводот веќе извршил инспекциски надзор,по што Управата за заштита на културно наследство изготвила решенија со кои им се изрекуваат казни,но , не мислам дека се спроведуваат до крај сите тие задолженија кои ги добиваат граѓани,вели Туткоски.

Во стариот дел од градот мислам дека има повеќе стотици,значи тука зборуваме за бесправно изгадена настрешница,бесправно изградено поткровје, бесправно доградени два ѕида кон куќата,гаражи, клима уред, сателитски антени, такви има повеќе буквални стотици и за сите тие заводот реагирал и правно ја запазил рамката, извршил увидм пуштил пројави меѓутоа нема никава разрешница да бидам искрен-рече Мише Тутковски-дир.на Завод и Музеј Охрид.

Нека ни ги плати Унеско сметките за струја, па ќе ги тргнеме клима уредите,да не треба да ги вратиме и собните антени на телевизорите?-реагираат охриѓани на социјалните мрежи,место покуќнина ќе ги ставиме сончевите колектори сред соба и ќе бидеме светско чудо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ