четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЗошто луѓето живеат подолго во ова италијанско село?
spot_img

Зошто луѓето живеат подолго во ова италијанско село?

Постојат неколку места во светот кои се наоѓаат во сините зони, израз што подразбира области во кои луѓето живеат долг, здрав живот над просекот.

Едно мало село во јужниот дел на Италија, на медитеранскиот брег, брои околу 2.000 жители. Во 2013 година стана главна вест во светските медиуми, затоа што во него живеат најмногу стари луѓе, постари од 100 години.

Во селото Молокио живеат дури петмина стогодишници, пишува Forbes. Во тоа време и почнало истражувањето спроведено на National Geographic.

Еден од жителите, Салваторе Крузо, кој тогаш имал 106 години, изјавил дека израснал хранејќи се со грав и смокви, а скоро никогаш не јадел црвено месо. Можеби најдобро објаснување дал Доминико Ромео, жител кој имал 103 години – јади по малку, но од сè.

Сега, средствата на ЕУ и американските истражувачи се насочени да го истражат овој феномен. Една од хипотезите е недостигот од многу храна во детството, со оглед дека имале малку храна на располагање и практично биле принудени подолго време да постат.

Планирано е клиничко испитување кое ќе опфати 500 испитаници. На дел од испитаниците ќе им биде дадена храна што ја консумираат современите луѓе. а други ќе консумираат намирници вообичаени за жителите на ова село и тоа во точно одредено време од денот.

Основна цел на истражувањето е да се утврди какво влијание има исхраната на долговечноста на луѓето, но и дали постот има влијание. Една од идеите е дека постот покренува биолошки процеси кои можат да влијаат на долговечноста, помага во процесот на регенерација и штити од болести кои се поврзуваат со стареењето, како што се дијабетесот и различни срцеви заболувања.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ