сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНаместо во суд, Боки 13 остана на чекање со цигарче во рака:...
spot_img

Наместо во суд, Боки 13 остана на чекање со цигарче во рака: Одложено рочиштето на кое се бара Бојан Јовановски да го врати милионот!

Судењето на кое се бара Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и државата да му вратат дел од 1,5 милион евра на бизнисменот Орце Камчев се одложи. Бидејќи беше предвидено да се сослушаат како сведоци сметководителката во фирмите на Камчеви, Мирјана Бошковска, сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, мајката Ратка Куновска-Камчева и сестрата Кристина Камчева-Стојческа.

Ниту еден од нив не се појави на судењето. Судијата Андреј Димовски рече дека поштарот не ги нашол на адресите. Тужениот Бојан Јовановски беше спроведен во судот од затворот „Идризово“, но по завршување на рочиштето.

Адвокатот Александар Михајловски рече дека кога дознал дека Граѓанскиот суд имал проблем со доставување на поканите, дал нови адреси. Дополнително, побара задолжително да се земат списи од предметот „Рекет“, кои се во Апелациониот и во Врховниот суд. Меѓу другото, и записниците од сослушување на сведоците во претходните постапки.

„Мене не ми дадоа да направам увид во кривичниот предмет за да видам што докази има таму. Затоа побарав само дел од материјалите. Мене ми се врзани рацете. Единствен начин да направам увид е преку овој суд. И на распитот имаше прашања што не можеа да се постават. Тука ми беше оневозможен начинот на постапување на прашањата. Ако направевме увид, ќе можевме да прашаме и за аудиоснимките објавени во јавност, каде што се слушаат Боки 13 и Катица. Јас немам што да направам“, образложи адвокатот барајќи ги списите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ